Ваучер од 200 евра за купување лаптоп или таблет за професорите и наставниците во Грција
Сите професори и наставници во Грција ќе добијат ваучер во висина од 200 евра за купување технолошка опрема, односно таблет, лаптоп и слично, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретниот амандман вчера беше изгласан во грчкиот Парламент, а според Министерството за образование на Грција, ваучер ќе добијат над 160.000 просветни работници од основните и средните училишта и нема да бидат поставени никакви економски или социјални критериуми.
Конкретната мерка е вклучена во програмата „Дигитална грижа", еден од првите проекти на Фондот за закрепнување, во вкупна вредност од 140 милиони евра, преку која веќе се доделени ваучери на над 500.000 деца и млади на возраст од четири до 24 години.
Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, говорејќи во грчкиот Парламент рече дека целта е да се зајакне наставниот кадар, а конкретната поддршка е во продолжение на низата активности што се спроведуваат во земјата и придонесуваат за дигитална трансформација на образованието во Грција.
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР