Ватикан: Одлуките на САД можат да ја нарушат стабилноста на Блискиот исток
Ватикан денеска изрази загриженост дека „неодамнешните одлуки“ можат да ја нарушат регионаната стабилност на Блискиот исток.
Ватикан во соопштението не го наведува посебно американскиот заклучок дека еврејските населби на Западниот брег не го прекршуваат меѓународото право, но се чини дека јасно станува збор токму за тоа кога зорува за „неодамнешни одлуки кои ризикуваат дополнително да го поткопаат израелско-палестинскиот мировен процес и онака кревката регионална стабилност на Блискииот исток“, пренесуваат американските медиуми.
Ватикан ја повтори својата поддршка за решението „две држави за двата народа“, како единствен начин да се постигне целосното решение на овој долгогодишен судир.
Оттаму се наведува дека го поддржуваат правото на Израел да живее во мир и безбедност во рамките на внатрешните граници кои ги призна меѓународната заедница и дека го поддржува истото право што му припаѓа и на палестинскиот народ, а кое мора да се признае, почитува и спроведува.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници