„Вашингтон пост“: САД планираат да го обноват украинскиот мировен процес со Русија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ги обнови мировните преговори со Русија со цел решавање на украинската криза, пишува денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници и странски експерти.
Тие напори ги предводи американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој како што пишува весикот, за тоа прашање разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Во тек е интензивен процес на составување нова стратегија и во него исто така е ангажиран и кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс, нагласува весникот.
Во почетна фаза идејата на Тилерсон е да се обнови верзијата на мировните преговори, во кои беша ангажирана претходната американска Администација, со надеж дека новите околности и функционери можеби ќе донесат подобри резултати, се наведува во текстот.
Тилерсон додава дека планира и да именува специјален пратеник на Стејт департментот, кој ќе ги предводи новите напори по прашањето за Украина и кој ќе го обнови американско-рускиот дипломатски канал со помошникот на рускиот претседател, Владислав Сурков.
- Меѓутоа сегашниот скандал во врска со истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година ќе ги искомпликува работите, заклучува американскиот весник.
Ново на Сител
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
