Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска му честиташе на премиерот Милош Вучевиќ и на новата Влада на Србија и порача дека се радува на соработката за пристапување на Србија во Европската унија.
„Му честитам на премиерот Милош Вучевиќ и неговата нова влада. Со нетрпение очекувам да работам со вас за пристапот на Србија во ЕУ“, рече Вархеји на социјалната мрежа „Икс“.
Собранието на Србија вчера ја изгласа новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ. За новата Влада од 250 пратеници колку што има српското Собрание, за Владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.
Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
