Ракомет
4. November 2017 - 15:16

Вардарки против Ларвик за продолжување на максималниот ефект во ЛШ

Ракометарките на Вардар денска против Ларвик ќе го одиграат четвртиот меч во Лигата на шампионите.
 
Лесната победа на првиот дуел во Норвешка, каде црвено-црните славеа со 31-19 нема да ги залаже вардарки, бидејќи  ривалот чиј тим е составен од млади ракометарки кои се желни за докажување, секако ќе се обидат да ја искористат секоја шанса и да направарт изненадување.
 
-По три кола имаме максимален учинок и сакаме да продолжме така. На секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека и овојпат нема да биде лесно. Тие играат секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови. Ќе се обидеме да поправиме некои работи, за следното гостување во Будимпешта. Тоа е целта, да завршиме онака како што очекувавме, изјави Јованка Радичевиќ.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Ларвик ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 17 часот.
 
Во вториот меч од оваа група унгарскиот ФТЦ Будимпешта е домаќин на германскиот првак Турингер.
 
Вардар е лидер на табелата со максимални 6 бода, пред ФТЦ Будимпешта со 4, Турингер со 2 и Ларвик кој нема освоено ниту еден бод.