-->
-->
Вардар стартуваше со реми против Шкупи во одбраната на титулата
-->
Шампионот Вардар ремизираше 2:2 во дуелот со Шкупи од 1.коло од Првата фудбалска лига. Ова беше последниот натпревар одигран денеска од стартот на новата сезона. Новиот прволигаш поведе со голот на Нухиу во 22.минута. Вардар изедначи преку Блажевски од пенал во 66.минута, а во 87.минута Вардар поведе со 2:1 преку Ивановски. Конечните 2:2 ги постави Флорент Османи во судиското надополнување на вториот дел.
На другите дуели од 1.коло беа постигнати следниве резултати:
Металург - Силкес 1:3,
Шкендија - Младост Царев Двор 3:1,
Хоризонт Турново - Ренова 4:0.
Утре од 17:30 часот играат Брегалница и Работнички.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим