-->
-->
Вардар кај Велес загаден, езерото „Младост“ и реката Бабуна безбедни за капење
-->

Реката Вардар кај Велес е многу загаден и не може да се користи за капење и рекреација, езерото „Младост“ и реката Бабуна се безбедни за капање, а реката Тополка е безбедна само во горниот тек, стои во најновиот јунски извештај од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.
Според извештајот, реката Вардар кај Велес се мери на три места и тоа кај мостот на Башино Село, кај Долни Дуќани и под влив на реката Бабуна и според направените анализи е во петта класа по бактериолошка контаминација, информира д-р Снежана Петрова специјалист по хигиена.
- Поради тоа строго е забрането, водите на реката Вардар да се користат од граѓаните за капење, рекреација и наводнување на земјоделските површини, предупредува Петрова.
Согласно најновите испитувања водите на езерото „Младост“, реката Бабуна и реката Тополка во горниот дел се во втора класа поради зголемена матност и сатурација.
- Тие не се штетни по здравјето на луѓето и можат да се користат за капење и рекреација и наводнување на земјоделските површини, изјави таа.
Петрова информира дека реката Тополка во долниот тек пред вливот во реката Вардар е во петта класа на бактериолошка контаминација и затоа ги предупредува граѓаните во тој дел оваа река да не ја користат за капење, рекреација и наводнување на земјоделските површини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
