-->
-->
Вардар 1961 по рекорден 14. пат македонски ракометен првак
-->
Екипата на Вардар 1961 ја одбрани титулата во македонското ракометно првенство совладувајќи го вчера скопскиот ривал Металург со 39 : 27 во последниот натпревар сезонава во Суперлигата.
За Вардар 1961 ова е вкупно 14. титула во клупската историја и шеста едноподруго во македонскиот ракомет.
Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи претходно и во Македонскиот куп.
Во преостанатите натпревари од завршното коло во плејофот, Еурофарм Пелистер го декласираше Охрид со 30:14, Бутел минимално го совлада Еурофам Пелистер 2 со 29:28, додека Тинекс Пролет славеше гостинска победа над Струга со 30:23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот