Ванковска: Зарем не е малку претерано да апсиш оперски пејач за тероризам, во држава која ни во 2001 година не зборуваше за тероризам
Професорката Билјана Ванковска денеска со свое видување за апсењето на обвинетите за упадот во Собранието на Р.Македонија на 27 април годинава:
Сега гледам дека утринава имало апсења во врска со настаните од 27 април. И тоа е во ред, требаше многу порано да се реагира. Бидејќи немам детаљи, зарем не е малку претерано да апсиш оперски пејач под сомнение (и законски основ) за тероризам, особено во држава која ни во 2001 година не зборуваше за тероризам, ниту осуди некого за напад врз уставниот поредок?! Не знам како можам на исто ниво да го ставам Дурловски со Тарчуловски, Муковски или Чавков? Но, она што сега следува е така типично македонско: сеирење и злорадост за тој кој колку ќе лежел или „висел“. Дајте, луѓе, оладете малку и сфатете дека токму за делата со кои се поврзуваат припадниците на бившата власт, токму поради тежината на она за што се теретат и заради нужните импликации, она што ни треба е правично и фер судење, а тоа подразбира најнапред пресумпција на невиност, покренување обвинение, па судење со сите салтанати и казна откако ќе се исцрпат сите правни лекови. Само така, кога ќе бидат осудени, нема да бидат маченици. Да, правдата е спора и, во демократско општество, не е јакобинска. Настрвениот народец сака крв, ама тоа не (мора да) е право и правда. Истовремено, да ве потсетам, тој ден во Собранието се одбиваше противуставен чин, за кој ниту еден од овие јунаци не се најде да бара процедурална правда, бидејќи беше политички/етнички некоректно.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион