Ванхауте повикан на седницата на Анкетната за прислушувањето
Претседателот на Комисијата Петре Шилегов од СДСМ вчера рече дека разговарал со Ванхауте и дека тој ќе дојде на седницата за да се произнесе во врска со одлучувањето односно гласањето на претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови. Ова е едно од неколкуте суштински прашања за кои членовите на Анкетната комисија не можат да се договорат и да го донесат деловникот за работа.
Претставници на пратеничките групи во изминатите два дена се координираа за да го усогласат текстот на Предлог-деловникот, но тоа не се случи.
Суштински разлики меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата има и за членот 1 кој се однесува на тоа врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.
Несогласувања на вчерашното продолжение на седницата имаше и во врска со начинот на одлучување за членовите на Предлог-деловникот.
Белгискиот експерт Ванхауте посредува во разговорите на четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за излез од политичката криза во земјата.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o