-->
-->
Ванг: Кина е отворена за рамноправен дијалог и здрава конкуренција со САД
-->
Кина сака да разговара со САД, но дијалогот треба да биде рамноправен, изјави министерот за надворешни работи Ванг Ји на Симпозиумот за меѓународната ситуација во кинеската дипломатија во 2021 година.
Тој ја поздрави соработката на Кина со САД, додавајќи оти истата треба да биде од корист за двете страни.
– Кина исто така е отворена за конкуренција, но конкуренцијата треба да биде здрава, посочи Ванг, додавајќи оти Пекинг не се плаши од конфликти.
Тој на вчерашниот симпозиум покрај кинеско-американските односи зборуваше и за други теми, како прашањето за Тајван, напорите на Кина во одбрана на меѓународната правичност и правда, глобалната борба против Ковид-19 и односите на Кина со Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
