-->
-->
Вандализам во Скопје: Уништени фасади на институции, споменици и две возила
-->

Вчера во периодот од 18.00 до 21.35 часот во централното градско подрачје се одржа протест организиран од неформално здружение ,,Протестирам“. Протестот започна околу 18.00 часот пред објектот на СЈО, кои околу 19.10 часот пристигнаа пред Собранието на Република Македонија.
По кусо задржување пред Собранието насобраните граѓани околу 19.30 часот се упатија кон плоштадот Македонија каде се задржаа до 19.50 часот. Протестот потоа продолжи по булевар ,,Партизански Одреди“, по улицата ,,Аминта Трети“ , улица ,,Мирослав Крлежа“ и пред Министерството за култура.
Протестот заврши пред Владата на Р.Македонија околу 21.35 часот. За време на протестот и по негово завршување, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.
Регистрирано е оштетување на споменикот на АСНОМ во Жена Парк, како и фасадата на Министерството за култура, а оштетени биле и две патнички возила, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп