Бизнис
14. March 2024 - 21:18

Ван Хол од Белгија целосно ќе го пресели производството во Македонија

Ван Хол ја затвора фабриката во Белгија и целото производство ќе го пресели во Македонија. Согласно планот, од оваа 2024 до 2027, 1.100 вработени од матичната земја ќе бидат отпушени, од кои само годинава  850 лица. Производството за 3 години целосно ќе го пресели во Македонија, а една од причините е ниската цена на трудот, односно 3 пати пониски плати од оние кои ја премаат белгиските работници. Првиот човек на ТИРЗ вели, платите се пониски од тие во Белгија, но се за 20% повисоки од просечната во државата. Дополнително, нашите работниците биле повредни и поквалитетни .

Деспотовски на менаџментот на Ван Хол им ветил целосна поддршка на проширувањето на капацитетите во земјава, бидејќи бенефит од тоа ќе има цела економија. Ќе се зголеми извозот, ќе има нови вработувања, но и македнските компании ќе бидат во плус ако станат нивни добавувачи.

Ван Хол е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик. Пристутна е на македонскиот пазар од 2012 та година. Во момнетов таму работат над 1,000 лица, а 200 македонски компании се нивни добавувачи. Ван Хол е меѓу 5 те најголеми извозници од странските компании во земјава.