Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси

САД синоќа им соопштија на Обединетите нации дека ќе воведат и спроведат максимални можни санкции за да го лишат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот наркокартел од ресурси.
Британските медиуми пренесуваат дека адинистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци наназад спроведува кампања на смртоносни напади врз бродови покрај венецуелскиот брег и пацифичкиот брег на Латинска Америка, за кои постои сомневање дека се вмешани во трговија со дрога. Трамп, исто така, се закани со напади врз венецуелска почва.
- Најсериозната поединечна закана за оваа хемисфера, за нашето соседство и за САД, доаѓа од транснационалните терористички и криминални групи, изјави американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, на седницата на Советот за безбедност на ОН.
САД го зголемија своето воено присуство во регионот, а Трамп најави блокада на сите бродови што подлежат на санкции од САД. Досега овој месец, крајбрежната стража на САД пресретна два танкери што превезуваат сурова нафта од Венецуела во Карипското Море, потсетуваат британските медиуми.
- Реалноста е дека санкционираните нафтени танкери дејствуваат како главна економска линија за спасување на Мадуро и неговиот нелегитимен режим. Санкционираните танкери ја финансираат и нарко-терористичката група Картел де Лос Солес, тврди Валц.
Кон крајот на минатиот месец, Вашингтон го означи Картел де лос Солес, или Картел на Сонцето, како странска терористичка организација поради неговата наводна улога во увозот на дрога во САД. Истовремено, тој го обвини Мадуро дека го предводи картелот. Венецуелската влада ги нарече таквите тврдења „смешни“, а групата „непостоечка“.
- Оваа актуелна интервенција може да стане образец за идни акти на насилство врз латиноамериканските земји, оцени рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, осврнувајќи се на неодамнешниот стратешки документ на Трамп, во кој се наведува дека САД ќе ја вратат својата доминација на западната хемисфера.
Валц зборуваше на седницата на Советот за безбедност на ОН по Небензја, но не одговори директно на неговите забелешки.
- Кина ги повикува САД веднаш да ги прекинат релевантните дејствија и да избегнат натамошно ескалирање на тензиите, изјави заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Сун Леи.
Венецуела, со поддршка на Русија и Кина, побара свикување на седницата на Советот одржана синоќа, како и други во врска со ескалацијата на тензиите.
МИА
Ново на Сител
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
