-->
-->
Вакционалниот пункт во Битола подготвен за масовна имунизација
-->
Регионалниот вакцинален пункт во Битола е подготвен за претстојната масовна имунизација на населението.
Со одлука на Министерството за здравство, а по препорака на Општинскиот кризен штаб, масовната имунизација во Битола ќе се врши во спортската сала на општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“.
Денеска заврши обележувањето на патеките за движење, поставени се јасни патокази за влез и излез од спортската сала, места за времен паркинг на возилата, клупи за одмор и други средства за непречено доаѓање и заминување од регионалниот вакцинален пункт во Битола.
Според последните информации од Министерството за здравство во Регионалниот ковид-центар во Битола на болничко лекување се 92 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
