Вакцината „Спутник V“ од јуни ќе се произведува во Италија
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник V“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.
-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од Тасс.
Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.
Производството на „Спутник V“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата