Вакцината „Спутник V“ од јуни ќе се произведува во Италија
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник V“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.
-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од Тасс.
Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.
Производството на „Спутник V“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.
Ново на Сител
-
Странците се повеќе бараат кампинг туризам во Охрид
-
Почна сезоната на шумски плодови на Пелистер
-
Уништен е тахографот на полскиот автобус кој излета од автопатот А4 кај Загреб
-
Четврта победа сезонава за Бањаја во Мото ГП
-
Кошаркарските „надежи“ не го искористија поклонот од ФИБА - следната година ќе играат во Б дивизијата
-
Јуниорките последно пласирани во второлигашката европска конкуренција
-
Борусија Дортмунд го доби првото дерби во сезоната совладувајќи го Баер Леверкузен
-
Два гола на Меси во победата на ПСЖ од 5-0