Вакцината против ХПВ во текот на 10 години го намалила бројот на инфекции за 90 отсто
Неодамнешното истражување на вакцината против хуман папилома вирусот (ХПВ) откри дека во текот на десет години, од почетокот на нејзиното користење, стапката на инфекција со ХПВ опаднала за дури 90 проценти во земјите каде редовно се користи, пишува „Сајнс Алерт“.
Истражувањето, исто така покажало, дека над 187 милиони дози на вакцини се искористени во 130 земји во светот и дека во дел од нив стапката за инфекции опаднала за 90 отсто, а сличен пад е забележан и кај гениталните брадавици и абнормалноста на грлото на матката.
Овие резултати се потврдени од страна на надлежната за ова истражување, Сузан Герланд од Кралската женска болница во Австралија.
ХПВ и ДНА се вируси кои се пренесуваат преку сексуален однос.
Пред вакцината за нив, луѓето често имаа еден или повеќе вируси од тој тип, а американскиот Центар за надзор на болести заклучи дека речиси сите во минатото кои биле сексуално активни го имале тој вирус.
- Денеска ситуацијата е таква што 50 проценти од луѓето се заразуваат со тој вирус во текот на животот, тоа е многу честа инфекција, изјави Брисбан Тимес, еден од пронаоѓачите на вакцината за ХПВ, Иан Фразер, од Универзитетот во Квинсленд.
ХПВ вирусот ги има предизвикано над 70 проценти од случаите на рак на грлото на матката, а го зголемува и ризикот од рак на вулвата, пенисот и анусот.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште