Вакцината на „Модерна“ делува и против новите мутации на Ковид-19, тврдат научници
Вакцината на „Модерна“ против коронавирусот делува против новите мутации на вирусот кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научниците од оваа фармацевтска компанија, пренесува британски „БиБиСи“.
Лабораториските тестови сугерирале дека антителата кои се создале како резултат на вакцината, ги препознаваат и се борат против новите мутации на коронавирусот.
Сепак, потребно е да бидат извршени повеќе студии за да се докаже дека тоа е вистина, посебно за луѓето кои се веќе вакцинирани.
Новите мутации на коронавирусот се шират брзо во бројни земји ширум светот, односно вирусот има мутирано и сега е позаразен од изворната верзија на коронавирусот. Според научниците, новата мутација која се појави во Велика Британија во септември, можеби е и до 70% позаразна од изворната.
Моменталните вакцини се дизајнирани според претходните верзии на вирусот, но научниците уверуваат дека тие се ефикасни и против најновите мутации на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата
-
Нов силен земјотрес регистриран во Грција со јачина од 5,1 степен според Рихтер
-
Муцунски: Пописот треба да се одложи за период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба
-
Издадена осмата еврообврзница од 700 милиони евра по досега најниска каматна стапка од 1,625 отсто
-
Мицкоски: Тоа што Заев користи што сум изолиран поради Ковид-19 не го спасува од паѓање на Владата
-
Граѓани од истокот измамени преку социјалните мрежи
-
Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување
-
Пронајден хероин кај 50-годишен тетовец