Вакцинација почна и во албанскиот град Скадар, најава и за Валона

По добиените 7.020 вакцини од компанијата Фајзер, кои доцна синоќа пристигнаа на аеродромот во Тирана, имунизацијата против Ковид-19, која во Албанија се одвива под мотото „Албанија со насмевка“ денеска почна и во севернот град Скадар.
Почетокот на вакцинацијата, што се одвива во спортската сала „Ќазим Дервиши“ од блиску ја следеше премиерот Еди Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлиу, која најави дека утре вакцинацијата ќе почне и во приморскиот град Валона.
– Вакцинацијата ќе ја интензивираме. По синоќешната пратка од 7.020 вакцини до крајот на месецов очекуваме да прстигне нова количина. Утре ќе го отвориме центарот за вакцинација во Валона а потоа и низ целата држава, рече министерката.
За Скадар и Валона одвоени се по 1.500 вакцини а ќе бидат опфатени сите вработени во инфективните, ургентните одделенија и пулмологија, како и вработените и во другите одделенија кои се над 55-годишна возраст. Ќе бидат вакцинирани и лицата сместени во старски домови.
Поради најавата за протест на жителите од поплавените подрачја видно беше присуството на полицски службенци.
Сепак дел од жителите Рама го дочекаа со чамец поставен во се уште неповлечената вода со повеќе пароли меѓу кои и „Рама дење те убива,ноќе те плаче“.Во ова подрачје сеуште под вода се големи површини.
Ново на Сител
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
