-->
-->
Вакцина против грип примиле 19.942 лица од кои 14.089 се хронично болни
-->
Oд почетокот на вакцинацијата против сезонски грип на 5 ноември 2018 година, до првата недела од јануари, вакцинирани се 19.942 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип, односно 71,2 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од центрите за јавно здравје/подрачните единици, вакцинирани се 19.322 лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.Најголем број од вакцинираните, како што се посочува, се на возраст над 65 години – 10.955 лица или 56,7 отсто, на возраст од 30-64 години – 7.366 лица или 38,1 отсто, додека на возраст од пет до 29 години се 196 или еден отсто. Вакцинирани се четири деца на возраст под пет години. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 801 лица или 4,1 отсто. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.089 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 1.414. а текот на изминатата недела (од 31 декември до 6 јануари) во Република Македонија се регистрирани 196 заболени од грип, што е намалување за три отсто, споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 202 случаја, стои во извештајот.
Најголем број заболени (146) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 13 на 100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од пет до14 години. Најголем број заболени, 73, се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар каде се регистрирана и највисока инциденца.
Од Институтот за јавно здравје истакнуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување и поради тоа препорачуваат вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи, согласно препораките на СЗО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, се очекува поголем број интервенции и помалку административни пречки за пациентите
-

Њујорк Тајмс: ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи
-

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади
-

Шефот на иранската безбедност се закани со удари против САД и Израел какви што „никогаш претходно не доживеале“
-

Лишен од слобода возач од Велес, возел со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
-

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток
-

Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
