Вагони излетаа кај Куманово - пругата неколку дена во прекин
Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец ќе биде во прекин во следните неколку денови, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот, најави МЖ Транспорт.
Во несреќата на товарниот воз, што се движел на релација Куманово-Скопје, нема повредени лица, но е причиената материјална шетата.

-Вработени од МЖ Транспорт и Инфраструктура се излезени на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот. Поради тоа, ги информираме сите патници кои ја користат меѓународната линија Белград – Солун и обратно, ќе бидат превезувани со автобус од Скопје до Табановци и обратно, согласно важечкиот возен ред. Локалните патнички возови кон и од Куманово (Табановци) нема да сообраќаат во перидот се до отстранување на дефектот, соопшти МЖ Транспорт.

На сите патници и деловни коминтенти им се извинуваат поради непријатностите.
Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
