В среда Столтенберг на одвоени средби во Брисел со Вучиќ и Курти

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг в среда во седиштето на воената алијанса во Брисел ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово Албин Курти.
Како што информираше НАТО преку соопштение за медиумите, Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, по што во 15 часот и 30 минути ќе одржи заедничка прес-конференција. Курти, коментирајќи ги очекувањата од претстојната средба во Брисел рече дека тема на дијалогот треба да биде правно обврзувачки договор за нормализација на односите, со взаемно признавање на Косово и Србија.
Вучиќ најави дека ќе биде во Брисел на 17 и 18 август и дека ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, како и дека ќе учествува во дијалогот со Приштина. Разговорите во седиштето на НАТО ќе се одржат само еден ден пред почетокот на новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската Унија.
Средбите на претседателот на Србија и на премиерот на Косово со шефот на НАТО доаѓаат речиси три недели по тензиите на северот на Косово, кои се зголемија по одлуката на Владата во Приштина за пререгистрација и лични документи.
Имено, одлуката за издавање документ за влез-излез при влез на државјани на Србија на територијата на Косово, како и пререгистрацијата на српските таблички со ознаките на градовите во Косово, предизвика силно противење на Србите на север и заострување на односите меѓу Приштина и Белград. Србија веќе 11 години применува идентична одлука за влез на граѓаните на Косово во Србија, потсетува РТК.
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
