В понеделник без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Студеничани

Без струја во понеделник (5 септември) ќе останат дел од корисниците од општините Центар, Ѓорче Петров и Студеничани, информира денеска РЦУК на Град Скопје.
Без струја во понеделник од 9:00 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од улиците Бул. Илинденска, Бул. Св. Климент Охридски, ул. Ленинова, ул. Коста Веселинов и ул. Орце Николов во општина Центар.
Од 9:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Тиранска, Пелинцее, Лазо Димовски – Ошенски, Пекљане, Шарпланинска, Борис Бојаџиски, Антон Чехов, Лука Геров и Моцартова во општина Ѓорче Петров.
Без струја од 10:00 до 16:00 часот во понеделник ќе бидат и корисниците од Планинарскиот дом Караџица, хотел Принцес, воените објекти на Солунска Глава, селата Палиград и Алдинци, населбата Мала Река и делот од месноста Преслап кон Солунска Глава во општина Студеничани.
Прекините во снабдувањето со струја, како што информираат од РЦУК на Град Скопје, е поради технички зафати во електро-мрежата.
Ново на Сител
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
-

Променливо облачно со дожд
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
