В недела почнува лов на диви свињи во Славиште
![]()
Здружението на ловци од општина Ранковце „Славишко поле“ в недела, 25 август, организира лов на диви свињи во ловниот реон на Славиште.
Од Здружението ги информираат заинтересираните ловци дека денеска е последен ден за пријавување за лов за 25-ти, а пријавата се врши во просториите на Здружението кај одговорното лице назначено за оваа дејност, бидејќи сите ловци што ќе добијат дозвола за лов мора да се пријават за добивање дозвола за движење во шума.
– В недела ќе се лови во три организирани групи предводени од ловочуварската служба. По завршување на ловот, мостри од отстреланите диви свињи ќе бидат упатени на анализа во Ветеринарниот институт во Скопје, поради проверка на присуство на Африканска чума, а по добивањето на резултати, доколку дивечот е здрав, месото ќе биде поделено на ловците кои ќе учествуваат во ловот, посочуваат од ЗЛ „Славишко поле“.
На ист принцип ќе бидат организирани сите останати ловни денови што ќе ги спроведе Здружението, се до први октомври, по што ќе се лови вообичаено како изминатите ловни сезони.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
