Живот
17. January 2019 - 12:13

Ужасно зла судбина: Го преживеа терористичкиот напад на Њујорк, но загина во масакрот на џихадистите во Најроби

Американскиот бизнисмен Џејсон Спиндер е еден од преживеаните во терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година, но немаше толку среќа да го преживее и нападот на џихадистите во Најроби, Кенија.

Џејсон ја основаше и управуваше фирмата Ај-Дев Интернешнал која е стационирана во главниот град на Кенија, а е еден од 14-те настрадани во завчерашниот терористички напад на лускузниот хотелски комплекс во Најроби, потврди неговата мајка.

Американскиот Стејт депатмент потврди дека меѓу настраданите има и еден Американец, но не соопшти повеќе детали.

„Ужасно ни недостасува. Ова е огромна трагедија, еден толку ведар и млад живот да го земе тероризам. Се обиде да направи некои позитивни промени во земјите од третиот свет“, рече Сара Спиндлер.

На сајтот на неговата компанија стои дека Спиндлер служел во мировна мисија во Перу, а работел и како инвестиционен банкар.

Студирал во Тексас, а докторирал на Универзитетот во Њујорк.