Живот
7. August 2018 - 13:53

Ужасно мистериозно битие снимено во Канада: Човеколикото чудовиште Рејк фатено со камера, никој не знае што е точно

Мистериозно човеколико битие, повисокот од 1.8 метри се појави на една снимка, како во шума се скрива зад еден лос во близина на патот, во дивината на Канада.

Ужасната глетка со камера ја забележала мештанка кој живее во близина на Одри Фрешет, а која го забележала ова необично суштество дури откако ги прегледала снимките кои ги направила.

На ужасната снимка се гледа бледа, мистериозно фигура како од зад дрвјата демне лос кој пасе покрај патот во Квебек. Во коментарите под снимката која е споделувана на социјалните мрежи со голема брзина, најчесто се споменува славното чудовиште Рејк, поради изгледот и одот на предните нозе.

Рејк е митска ѕверка од канадската дивина за која се раскажувале многу приказни како оние за Јети или Бигфут.

Според локалната легенда, Рејк е брутална дива ѕверка опишана како човечко битие со карактеристики на куче. Се наведува дека напаѓа без предупредување, користејќи ги своите прсти налик на оштрици од нож, по што и го добил името.

Видеото е прегледано над 100.000 пати во краток рок, а кога авторката на снимката на социјалните мрежи напиша „може ли некој да ми каже што би можело ова да биде“, според теоријата станува збор за Рејк, а се појавија и тврдења дека го прашање е Голум, познатиот јунак од “Господар на прстените“.