„Луѓето во паника бараа излез. Беше ужасно како во некој филм. Луѓето и децата врескаа и плачеа. Ги фрлаа своите работи и трчаа кон излезите, туркајќи ги и газејќи ги другите. Во авионот беше семејство со три деца, а видов и маж на кој му беше крвава главата, сведочи Флорес.
Таа додаде дека спасувачите стигнале многу брзо на местото на несреќата, само 20 минути по падот и им помогнале на патниците во евакуацијата. Таа и нејзината ќерка се извлекле скокајќи низ дупка на трупот од авионот, кој брзо почнал да се полни со чад од огнот кој брзо се ширел.
„Мало девојче кое излезе од авионот плачеше од боли, зошто ногата и беше целата изгорена“, рече Џеклин.
„Кога излеговме од авионот, трчавме за да се оддалечиме од авионот кој можеше да експлодира. Стигнавме до малата бела куќичка каде почекавме помош. Се молевме никој да не останал во авионот што гореше“.
Се чувствувам благословено и благодарна сум на Бога што преживеавме“, со склопени раце кренати кон небо говро Флорес, Мексиканка која живее во Богота.
Телевизијата НБЦ објави снимка од патникот Рамин Парса кој го сними моментот на падот на авионот. “Преживеав благодарение на драгиот Бог. Чудо Божјо е што сме се уште живи, напиша Парса, инаку писател, на Твитер.

