-->
-->
Ужасна трагедија: Двајца браќа и сестра се удавија во езеро!
-->

Три деца од исто семејство, на возраст меѓу пет и девет години, се удавиле во саботата во ужасна несреќа во Неукирчен. Полицијата објави дека еден од очевидците повикал пожарникари во саботата навечер околу 21:00 часот, бидејќи дете паднало во езерото. Кога стигнале се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа починало на лице место.
Но, по пристигнувањето на езерото, пожарникарите и полицијата утврдиле дека исчезнале уште две деца. Во потрагата биле вклучени и нуркачи кои ги пронашле телата на девојчето (8) и нејзиниот повозрасен брат.
Инспекторите во неделата наутро објавиле дека се уште не е познато како дошло до несреќата и дека бараат помош од очевидци.
„Билд“ пишува дека ирачко-германското семејство живее само 350 метри од езерото и дека имаат уште три деца.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: САД можеби ќе го преиспитаат НАТО поради ограничената поддршка од сојузниците во Иран
-

Без струја делови од Бутел и Карпош, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино
-

Денот на правосудството – 31 Март: помеѓу историјата, реформите и новите предизвици
-

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
