Македонија
25. November 2026 - 13:50

Ужас во Струмица: 21-годишник силувал 12-годишно девојче

Полициски службеници од СВР Струмица на 23 ноември лишиле од слобода 21-годишен жител на Струмица, осомничен дека силувал 12-годишно девојче.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за Ф.С. (21) од Струмица, кој, според пријавеното, истиот ден го извршил делото.

За случајот биле известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Струмица.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител