-->
-->
Ужас во Србија: Затвореничка криела мртво бебе под креветот
-->

Ужас во женскиот затвор во Пожаревац. 38-годишната осуденичка З.С. која издржувала тригодишна затворска казна за дилање дрога, криела мртво бебе под креветот.
Таа во средата се обидела да се самоубие со жилет, но ја виделе навреме и обидот бил спречен. Под нејзиниот кревет во 21 часот и 30 минути било пронајдено мртво новороденче.
Обвинителството нареди обдукција на телото на новороденчето за да се види во какви околности настапила смртта.
Бебето го забележале чуварите. Тие виделе црна ќеса под креветот, а кога ја отвориле, глетката била ужасна.
Ако убиството нема поврзаност со затвореничката, таа нема да сноси одговорност, но ако таа го убила бебето, покрај казната која ја одлежува, ќе биде судена и за убиство на дете по пораѓај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор