Македонија
13. July 2016 - 11:47

Ужас во Скопје: Каменувана 50-ка, тешко повреден патник

Синоќа околу 23,45 часот во Скопје, на бул.„Крсте П. Мисирков“ на автобуската постојка кај хотел „Султан“, непознати лица со каменувале автобус на ЈСП кој се сообраќал на линија бр.50 во правец од Центар према Автокоманда.
 
Притоа лицето - патник Ф.Ј. (18) од Скопје е повреден во пределот на главата и истиот со Брза помош е пренесен во Урегентен Центар-Скопје, каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.