Свет
26. October 2018 - 11:34

Ужас во Индија: Момче силувало 100-годишна старица

Полицијата во Индија приведе 20-годишно момче под сомнение дека силувал 100-годишна старица во нејзината куќа во округот Надиа.

Членовите на семејството во еден момент слушнале како старицата вика од својата соба. Веднаш потрчале кон собата и во неа го затекнале 20-годишното момче како се крие под креветот.

Откако е приведено, момчето во полиција рекло дека било под влијание на алкохол и дека не знаел што прави.

Од полицијата велат дека момчето ја силувало старицата додека спиела. Кога сфатила што се случува веднаш почнала да вика. Се уште не е јасно како момчето незабележано влегло во собата на старицата, но се претпоставува дека се пикнал низ прозорец.