Ужас во болница: Син ми умре, виновен е безобразниот лекар

Млада 24-годишна мајка го сподели своето мачно искуство од родилиштето во Општата жупаниска болница Винковци, на Фејсбук групата „Искуствата на родилките во родилиштата во Хрватска“. Поради ненавремена одлука на лекарите да направат царски рез, нејзиниот син кој растел како здраво бебе, се родил мртов.
Жената во 5 часот наутро завршила во болница со родилни болки, каде, како што напишала и го дупнале воденикот и и дале инфузија. Следните 13 часа била во болки, додека за тоа време, лекарот и упатувал навредливи зборови како „глупава една, можеш ти по природен пат“.
Бидејќи до пладне бебето не се мрднало миту пак имало знаци дека се спишта, околу 16.30 часот и дале да потпише дозвола за царски рез. Наводно лекарот не сакал да ја одведе на операциска маса за веднаш да го направат тој зафат, туку уште ја терал да скока врз пилатес топка за да се спушти детето.
Медицинската сестра морала да ја придржува зошто родилката немала сила сама да стане. Околу 20.30 часот лекарот се вратил, и како што пишува, почнал да и скока по стомакот за да се спушти детето.
-Ме вратија на маса во 20.30 часот, и тогаш почна мојот пекол. Три пати скокање по стомакот за да излезе мојот Ивано. Не заплака зошто не беше жив. Пет минути пред тоа ги слушнав неговите последни отчувања на срцето, ја видов неговата мала главичка, рацете, нозете...Мојот Ивано 3.840 грама и долг 54, се вртеа 10 доктори околу него, а јас лежев на столот во крв, напиша очајната мајка.
Од болницата за „Јутарњи лист“ потврдиле дека во тек е постапка на внатрешниот стручен надзор кој е покренат според жалбата на мајката. Додека не заврши надзорот нема да дадат изјава за мртвороденчето.
Ново на Сител
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
-

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
-

Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел
-

Променливо облачно, температурата до 18 степени
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
