Ужас: Тинејџерка позирала на тераса па паднала долу
Тинејџерка на возраст од 16 години паднала од терасата на вториот кат во Краљево додека се местела за пријателот да ја сними со мобилен телефон.
Несреќата се случила минатиот викенд ноќта меѓу саботата и неделата во стан во Краљево во текот на забава што ја правеле тинејџери.
Девојчето К.М. (16) излегло на терасата за да ја сними пријател како седи на оградата. Во обид за изведе акробатски потег, се превртела преку оградата и со вресок изчезнала од пред објективот на телефонот.
На видео - снимката која неколку часа подоцна се прошири меѓу тинејџерите во Краљево, се гледа дека девојката се обидела со рацете да се задржи за орадата, но не успеала.
Иако паднала врз паркиран автомобил, за среќа поминала само со набиенци и гребаници.
-Среќа во несреќа е што падна врз автомобил, кој го ублажил нејзиниот пад. Ќе беше полошо да паднеше на тротоарот. Но без оглед на се, сепак не беше мала висина, рече соседот.
Девојката веднаш по падот е хоспитализирана, иако во прашање биле само полесни повреди.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости