Утрово минусни температури, најстудено во Битола
Најстудено утрово е во Битола каде што во 7.30 часот се измерени 5 степени под нулата. Минусни температури се измерени и во Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Берово, Попова Шапка и Крушево (-4), -3 во Струмица и Дебар, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Маврови Анови и Претор и -1 степен во Виница.
Во Дојран температурата е 1 степен. На Попова Шапка има снежна покривка од 3 сантиметри.
-Утрово е сончево, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, а врнежи од снег на планините и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал кршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО
-
Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство
-
Приведени три лица од велешко, пронајдено оружје и муниција
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога