Утрински температури под нулата во цела држава

Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најладно е во Маврово каде температурата во седум часот била -15 степени.
Во Крушево и Лазарополе се измерени -14 степени, во Берово -13, во Пожаране и Ѓуриште -11, во Крива Паланка, Скопје-Петровец и Тополчани -9, во Тетово и Прилеп -8, во Птетор, Битола, Скопје на Зајчев Рид и Куманово -7, во Охрид, Штип и Виница -6, во Демир Капија -5, во Дојран и Струмица -4 и во Гевгелија -2 степена.
Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен и североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од -1 до 6 степени.
Слично време и во Скопје сои максимална температура до три степени.
За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но со ниски утрински температури и со умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во благ, а од средината на наредната седмица и во позначителен пораст.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
