Утрински молитви по повод Рамазан-Бајрам во сите џамии во Дебарско

Централната манифестација по повод исламскиот празник, Рамазан Бајрам, во Дебар беше одбележан во новата Саат кула џамијата.
Утринскиот намаз го одржа првиот човек на дебарското муфтиство, Ефенди Рамазан Хаса, кој пред големиот број верници порача мир, благостојба, соживот и меѓусебно почитување.
Утрински молитви беа одржани во сите џамии во дебарското муфтиство, кое ги опфаќа и подрачјето на општините Центар Жупа и Маврово Ростуше, за што навреме беа превземени сите потребни активности.
По утринскиот бајрамски намаз верници исклучиво мажи ги посетија вечните пичивалишта на нивните најблиски, по што до пладне одат во посета и честитање кај роднини и пријатели. Семејствата се собираат на заедничпки ручек по што повторно се продолжува со взаемни посети.
Негувајќи ја вековната верска толеранција наследена од своите предци,во дебарскиот регион породолжуваат меѓусебните посети и честитања од правосалвните верници, кај нивните соседи, пријатели, колеги.
- Така било со векови, тоа го имаме наследено од нашите поредци.Во разни времиња и околности тие не се откажале од соживотот и верската толеранција. Тоа го продолжуваме и ние. Така било, е и ќе остане и понатаму се додека не има на овие простори, вели Љупчо Петревски.
Исто како и верниците и верските старешини ја продолжуваат традицијата. На гости во седиштето на дебарското муфтиство ќе оди делегација на дебарската парохија.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
