Утре завршува субвенционирањето на доматите предадени на конзервната индустрија
Утре завршува интервентниот откуп на домати од втора класа од страна на конзервните фабрики. Земјоделците кои ќе ги предадат доматите во домашен или странски капцитет ќе бидат субвенционирани со 6,5 денари за кг.
Надлежните информираа дека најголем интерес за откуп покажала српската компанија Свислион која превземала околу 200 тони, кои правеле вишок односно притисок на пазарот.
Земјоделците се задоволни од владината мерка, велат дека ако не интервенираше Владата најголем дел од овие домати ќе завршеа скапани на нива. Од друга страна истакнуваат дека голем дел од домашните откупни компании не биле отворени за нив со образложение дека доматот не бил за преработувачката индустрија.
Министерот за земјоделие Цветков претходно најави дека со оваа времена мерка ќе бидат откупени од 500 до 1000 тони домати кои се презреани и не ги исполнуваат извозните критериуми, за што од буџетот ќе бидат издвоени 70 000 евра.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
