Утре во мариовско Кален првата клапа на „Борба за смрт“

Во мариовското село Кален утре почнува да се снима новиот македонски краткометражен филм „Борба за смрт“, соопшти денеска Агенцијата за филм која го финансира проектот.
Станува збор за парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село.
Сценариото и режијата се на младата и наградувана македонска филмска авторка Елеонора Венинова, а дедовците ги глумат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски.
Режисерката Венинова вели дека приказната за ова остварување е инспирирана од лична приказна поврзана со нејзиниот дедо.
- Тој во последните години од животот инсистираше да си купи гробно место уште додека е жив и тоа во одбран дел од гробиштата. Тоа, во комбинација со реалноста на живеењето во изумрените македонски села, каде неколкуте останати дедовци и бабички живеат сосема сами и осамени, ме натера да размислувам што ќе се случи ако на некој таков човек кој животот го свел на исчекување на смртта, одеднаш некој му го уништи планот за умирачка, нагласува Венинова и додава дека затоа нејзиниот нов филм „Борба за смрт“ е парадоксална драма.
Обата лика се убедени дека гробното место помеѓу гробовите на нивните најблиски е нивно и никој не сака да попушти, па одлучуваат да останат покрај гробот додека еден од нив не умре.
„Борба за смрт“ се реализира во продукција на „ДНФ филмс“, со поддршка на телевизја „Канал 5“. Продуцент е Гоце Кралевски, а директор на фотографија Димо Попов.
- Се радувам што ќе работам со Венинова, млада и талентирана филмска авторка, но и со членовите на целата екипа, составена од различни генерации кои ги обединува страста кон филмот. Очекувам да реализираме вредно филмско македонско дело, вели Кралевски.
Сценариото за филмот учестуваше на неколку работилници за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција. Минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
