Утре средба Заев - Мицотакис
Премиерот Зоран Заев денеска, од денеска е во дводневна работна посета на Грција каде ќе учествува на конференција во организација на Економист и ќе оствари средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Дел од владината делегација ќе бидат и вицепремиерите за економски прашања Фатмир Битиќи, за европски прашања Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во агендата на Заев за денеска се предвидени средби со повеќе бизнисмени и претставници на грчкиот бизнис сектор а Битиќи и Димитров ќе се сретнат со нивните колеги.
Средба со грчкиот Министер за надворешни работи Никос Дендиас ќе има македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи.
Средбата на Заев со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис е на агендата утре на маргините на конференцијата на која главната панел дискусија ќе биде посветена на Западен Балкан со фокус на проширувањето на ЕУ и следните чекори, заедно со реформите што треба да се спроведат, како и трговијата и инвестициите.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
