-->
-->
Утре прскање против комарци во Повардарието
-->
Утре ќе се спроведе превентивно прскање против комарци во неколкуте општини од Повардарието, информираше денеска Ристе Јовановски, епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.
- Се работи за активност согласно на Програмата за превентивна заштита. Апелирам до пчеларите од општините од регионот за време на прскањето да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството за прскање врз безбедноста на пчелните семејства, соопшти Јовановски.
Ќе се прска во неколку општини почнувајќи од Велес, преку Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија па се до Дојран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата