-->
-->
Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
-->

Следува период на променливо облачно и релативно топло време во земјава. Утрешниот ден ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, како и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Од понеделник повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, проследени со услови за изолирана појава на грмежи, што укажува на нов бран на променливо време.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
