-->
-->
Утре продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2018
-->
Седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за Предлог-буџетот за 2018 година ќе продолжи утре.
Со седницата претседава пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој беше овластен од претседателот на Собранието Талат Џафери откако претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение.
Општиот претрес не го следат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата за финансирање и буџет ја почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година на 27 ноември. Оттогаш беа закажани неколку продолженија, но не се одржаа. Кузмановска ја одложува седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведување на пратениците од нејзината пратеничка група поради случувањата во Собранието на 27 април.
Според Деловникот, расправата по Предлог-буџетот во Комисијата трае 10 работни денови по што предлогот се става на пленарна седница каде се расправа пет работни денови.
За предложениот текст се поднесени 279 амандмани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот