Македонија
28. November 2021 - 19:36

Утре пристигнуваат уште тројца повредени во автобуската трагедија

Пациентите кои вчера пристигнаа од Софија се во  стабилна состојба и добро ја минале првата ноќ на скопските клиники. Од пластична хирургија за Сител информираат дека во текот на изминатото деноноќие се направени сите потребни иследувања и остануваат на понатамошен третман. Први беа пренесени 16 годишната девојка која беше и најмлада од  повредените патници и 49 маж. 

Со нив по пристигнувањето разговарал и психолог кој е постојано вклучен во процесот на опоравување на преживеаните од големата автобуска катастрофа. 

Од Клиниката Пирогов информираат дека останатите 5-мина се во стабилна и добра општа состојба. Една пациентка е на неврохирургија и успешно се опоравува од двете изврешни операции. 

„Операцијата на 'рбетот беше успешна и процесот на опоравување беше без компликации. Истата пациентка била успешно оперирана на потколеницата во Клиниката за ортопедија и трауматологија“.

Од таму утре ќе бидат отпуштени тројца пациенти. Од МЗ велат направени се сите подготовки на скопските клиники каде треба да бидат транспортирани од софиската болница. Останатите повредени ќе бидат префрлени во Скопје во текот на неделата. Пациентите се преземаат со лекарски тим и медицински возила од Македонија.