Македонија
27. јуни 2016 - 18:43

Утре прекин на водоснабдување на корисници на три улици во Општина Центар

Поради изведување водоводен приклучок утре од осум часот ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Наум Наумовски Борче“ и дел од улица „Орце Николов“.

- Ќе се поставува приклучок на водоводна мрежа на ул. „Аминта Трети“, крстосница со ул. Наум Наумовски Борче,а прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.