Утре ќе биде пуштен во употреба граничниот премин Белановце – Станчиќ

Новиот граничен премин меѓу Косово и Македонија, Белановце – Станчиќ, ќе биде пуштен во употреба утре во 11 часот.
На настанот ќе се обратат, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој воедно е и координатор на Владата за реализација на овој проект.
На настанот се очекува да присуствуваат и други личности од двете земји.
Граничниот премин Белановце – Станчиќ, кој ги поврзува кумановскиот регион во Македонија со гњиланскиот во Косово, е изграден со финансии од ИПА програмата на Европската унија.
Иницијативата за отворање на граничниот премин потекнува од 2011 година, а неговата изградба започна во јуни 2018 година, кога беше поставен камен темелникот од страна на вицепремиерите на двете земји, Бујар Османи и Енвер Хоџај, и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.
Жителите од кумановскиот и гњиланскиот регион досега се жалеа поради нереализацијата на проектот, затоа што, како што велат, беа принудувани да патуваат и по сто километри за, преку граничниот премин Блаце, да стасаат до местата на другата страна на границата, кои се инаку многу блиску едно до друго.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
