Македонија
18. March 2024 - 16:42

Утре истекува рокот 7 кандидати да се пријават во ДИК за шеф на државата

Стево Пендаровски од името на колицијата на СДСМ прв ја поднел својата претседателска кандидатура за потврда во ДИК. Во текот на денешниот ден тоа го направија и Максим Димитреевски од ЗНАМ, како и Стевчо Јакимовски на ГРОМ кој лично ги донесе кутиите со 10.000 граѓански потписи.

До крајот на денот кандидатурата во ДИК официјално ќе ја поднесе и Таравари, како кандидат на здружената албанска опозција „Вреди“. Согласно законскиот рок, останатите 3 кандидати со собрани потписи – Гордана Силјановска Давкова од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ и Билјана Ванковска од Левица тоа ќе треба да го сторат до утре на полноќ.

Во меѓувреме продолужуваат меѓусебните партиски обивнувања по повод претседателските и парламентарни избори.

Од ДУИ обивнуваат дека албанската опозција се здружила со ВМРО-ДПМНЕ и Левица и предупредуваат за руско сценарио со немири после 8 мај.

„Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин...Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз“, велат од ДУИ.

Таравари ги отфрли ваквите обвинувања.

Тој денеска ги повика сите кандидати за претседател во сабота на пладне во Тетово да направат јавна дебата на која ќе зборат за, како што вели, најголемиот проблем на Македонија – иселувањето.

И тимовите на Силјановска Давкова и на Пендаровски со меѓусебни обивнувања

Кампањата официјално почнува на 4 април.