-->
-->
Утре и задутре во Охрид први контролни натпревари за македонските кошаркари
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија која се подготвуваа за претстојното ЕП, заминува за Охрид, каде утре и задутре ќе ги одигра првите два контролни натпревари.
На турнирот во Охрид кој ќе се одржува во наредните три дена, љубителите на кошарката ќе може да ги следат „црвено-жолтите„ за симболична цена на влезниците од 100 денари.
Првиот меч е закажан за утревечер од 20 часот и 15 минути, а противник ќе биде селекцијата на Израел. Во истиот термин (20:15 часот), во сабота Македонија ќе ги одмери силите со Украина, а во недела ќе се одигра мечот меѓу Израел и Украина, по што нашата селекција се враќа во Скопје, каде во вторник предвиден е уште еден контролен натпревар против Израел, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 16 часот.
Добра вест за стручниот штаб е конечното приклучување на Американецот со македонски пасош, Ричард Хендрикс, кој, сепак, ќе ги пропушти овие три средби со цел да ги стигне своите соиграчи во делот на физичката подготовка .
За време на турнирот односно во сабота, љубителите на кошарката ќе имаат можност да го видат и трофејот наменет за Европскиот шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа