Утре е источен петок- првиот по Велигден, овој ден е важен за болните

Првиот петок по Велигден се смета за посебен, бидејќи на полноќ започнува источен петок и се смета дека на тој ден се случуваат чуда.
По традиција првиот четврток и петок по Велигден во манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, која се наоѓа на неколку километри од Велес, православните христијани вечерва и утре го празнуваат празникот Источен Петок-Балаклија, посветен на Пресвета Богородица.
Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“.
Манастирот Свети Димитрија има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од османлиите. Во 1820 година откако на сон му се јавил на еден воденичар Петар Здравев повторно е откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција и масовно по Велигден на манастирската слава го посетуваат манастирот и околните цркви.
Имено, тој ден е посветен на Богородица, а уште и се вика Извор на лекувањето, па затоа верниците одат на најблискиот извор и се измиваат верувајќи дека ќе се излечат од разни болести.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
